Вести Ковид19 Свет

Во Шангај велат дека го спречиле најлошиот бран на короната

Шангај објави дека најлошата појава на инфекција со Ковид-19 е ефикасно спречена, по едномесечното заклучување за близу 25 милиони луѓе, а властите ветија дека ќе одржат стратегија за нулта ковид и покрај економските реперкусии. Бројот на новозаразени во финансискиот центар на Кина е „во постојан надолен тренд“ од 22 април, рече заменик-градоначалникот на Шангај, Ву Кинг.

„Во моментов спречувањето на епидемијата и контролата на состојбата во нашиот град постојано се подобруваат, а епидемијата е ставена под ефективна контрола“, рече заменик градоначалникот на прес-конференција.

Од вкупно 25 милиони граѓани, многумина сè уште се под карантин и огорчени од мерките, кои сега се во вториот месец и се спроведуваат како дел од кинескиот пристап „нулта-ковид“.

Веу звучеше претпазливо, велејќи дека иако локалниот пренос е „ефикасно ограничен“, постои ризик од враќање и градот нема да се откаже од својата стратегија за „динамично чистење“.

„Не можеме да се опуштиме, упорноста е победа“, рече тој, повторувајќи ги коментарите од состанокот на Бирото на постојаниот комитет на владејачката Комунистичка партија во четвртокот навечер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе