Вести Ковид19

Регистрирани се 77 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Во изминатотото деноноќие направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 77 нови случаи на Ковид-19, од кои осум се реинфекции. Евидентирани се 101 оздравено лице и не се пријавени починати лица, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број нови случаи, во Скопје позитивни се 29, Битола – 20, Прилеп, Велес, Гостивар и Охрид – по 5, Тетово – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кочани, Струга и Гевгелија – по 1.

Регистрирани сe 101 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 27, Берово – 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Кавадарци и Велес – по 3, Куманово, Тетово, Охрид и Кичево по 2, Гостивар, Штип, Ресен, Виница и Кратово – по 1.

Направени се 1.084 тестови преку: ИЈЗ-122, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-43, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-8, УК Пулмологија со алергологија –10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–51, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-33, Биотек-40, Систина-21, лабораторија Лаор-11, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-6, Генеа-20, Никоб Лаб-58, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 465.

Досега во земјата се направени вкупно 2.027.591 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.140, бројот на оздравени пациенти е 300.208, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 648.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе