Вести Култура

ЈСП воведува автобуски линии од Ново Лисиче и Дексион за Саемот на книга во СЦ „Борис Трајковски“

Во редовниот линиски превоз од утре до понеделник, 9 мај 2022, ќе бидат вклучени две привремени линии, 100 и 200, кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, и двете линии се воведуваат за полесен пристап на посетителите на манифестацијата „Саем на книга 2022“, што ќесе одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП „Скопје“, а возниот ред е достапен на веб страната на претпријатието.

Автобусот со број 100 ќе се движи од улицата „Февруарски поход“, булевар „Видео Смилевски – Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски – Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, Арена „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Автобусот со број 200 ќе сообраќа по улицата „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе