Вести Ковид19

Нови 137 случаи со Ковид-19 и 85 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи со Ковид-19 и 85 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително регистрирани се две починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Регистрирани се во период од 9 до 17 април.

Од 137 новозаболени од Скопје се 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 7, Охрид и Велес – по 5, Кавадарци и Прилеп – по 3, Струга – 2, Штип, Кичево, Тетово, Куманово и Делчево – по 1.

Направени се 2.303 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-39, Авицена-37, Биотек-77, Систина-47, лабораторија Лаор-34, Синлаб-3, Ремедика-8, Плодност-18, Генеа-16, Никоб Лаб-180, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-56, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.255

Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на Ковид-19.Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а на активни случаи изнесува 553.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе