Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на танцот Македонија преку нашиот центар на ИТИ- УНЕСКО се приклучува кон дигиталното чествување. Во македонската порака авторката Олга Панго, балерина, кореограф и балетски педагог вели:
„Во времиња како овие, времиња на големи искушенија и транзиции, во ерата на пандемијата, единствениот спас е да се прочистуваме со нешта кои се возвишени: како танцот и уметноста воопшто.Танцот опстојувал, опстојува и ќе опстои независно од тоа колку општеството ќе ги поддржи оние кои го негуваат, се борат и живеат од него, со него и во него. Секојдневното присуство на танцот нè прави само посреќни и побезгрижни“.
Авторка на светската порака Канг Су-Јин од Јужна Кореја, танчерка, уметничка директорка на Националниот Балет во Јужна Кореја ќе забележи:
„Катастрофата наречена КОВИД-19 го запре животот во кој бевме слободни, гледано од оваа перспектива (бевме послободни), меѓу другото оваа трагедија не наведе да ги промислуваме значењата на „танцот’’ и „танчерите“. Иако состојбата денес постепено се подобрува, танцовите изведби сеуште се предмет на многу рекстрикции и ограничувања. Ова ни предизвикува да ги цениме сите драгоцени моменти и сеќавања од времето кога танцот и танчерите блескаа како скапоцени камења на сцена, победувајќи ја човечката агонија и анксиозност, волја и надеж за живот и просветлен свет.
Линк до Светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот што ја чита на македонски јазик нашта танчерка и кореограф Ивана Балабанова.
https://www.youtube.com/watch?v=uQ0VPefTR1k&t=13s