Вести Македонија

21 година од масакрот кај Вејце

Денеска  во Битола се одбележа 21 година од масакрот кај Вејце, кога во конфликтот во 2001 годинa загинаа осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои 4 беа битолчани. Нивните семејства, припадници на полицијата, претставници на локалната самоуправа, политичките партии и граѓани, положија цвеќе и се поклонија пред спомен обележјата во Битола подигнати во нивна чест.

Да се потсетиме но и да укажеме тоа зло да не се повтори. Сведоци сме на едни тешки времиња и историјата повторно не потсетува на овие млади луѓе. Слава и почит на нивната маченичка смрт, рече Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Преживеаните бранители се. пожалија дека државата не им се оддолжи за нивните херојски дела, ниту нив, ниту на семејствата на паднатите борци во 2001 година.

Го знаете статусот на бранителите, го знаете статусот и на живите бранители. Потценети сме од државата, не сме почитувани, и сме оставени како група граѓани кои се бореле и тоа поминало и заминало, рече Сашо Гилевски, бранител.

Масакрот кај Вејце се случи на 28 април 2001 година, кога во заседа загинаа Роберт Петковски и Игор Костевски  од Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Миле Јаневски од Македонска Каменица и четворицата битолчани,  Марјан Божиновски,  Илче Стојановски,  Кире Костадиновски и Бошко Најдовски. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планински пат во близина на тетовското село Вејце.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе