Филмови

ПОДАЛЕКУ ОД РАЗБЕСНЕТОТО МОРЕ

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ: СОЛИДАРНОСТ СО БЕГАЛЦИТЕ

ПОДАЛЕКУ ОД РАЗБЕСНЕТОТО МОРЕ

е акционо-авантуристички документарец кој ги прикажува тешкотиите и искуството на Омар Самра и Омар Нур, двајца египетски спортисти кои ќе решат да учествуваат во неверојатен потфат: Атлантскиот предизвик – веслање на отворено море од 3.000 милји, од Канарските острови до Антигва. Ниту еден немаше искуство на вода кога се регистрираа за предизвикот, иако Нур го претставуваше Египет на олимписката патека во триатлон, а Самра беше планинар која се искачи на Еверест и скијаше на Северниот и Јужниот Пол. Двајцата бараа нов предизвик и нова кауза. По една година интензивен тренинг, тимот О2 тргна од Канарските острови и се упати кон Антигва, посветувајќи го својот потфат на маките на бегалците ширум светот. Десетици илјади годишно, се изложени на незамисливата опасност, па дури и смрт на море. Во својот потфат овие спортисти се соочуваат со истите опасности, стравови и невозможни одлуки како оние што сакале да ги препознаат и да ги олеснат. Како што се превртува нивниот високотехнолошки, непотолив брод, двајцата откриваат дека спасувањето во средината на невремето може да биде уште пострашно отколку да бидат изгубени, на сплав, сред Атлантикот. Спасувањето е снимено од екипажот на бродот. Овој документарец ја доближува универзализира маката на бегалците, правејќи ги нивните животи, соништа и жртвувања видливи за јавноста.

Оваа активност е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТЕМНА БАЈКА – понеделник, 12 мај 2025 – 00:40

Дејан Дејан

ПАПИЛОН (1973) – недела, 11 мај 2025 – 22:15

Дејан Дејан

ПЕКОЛ НА ХОРИЗОНТОТ – недела, 11 мај 2025- 00:05

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе