По победата од 75:71 во дуелот против Широки Бријег, кошаркарите на МЗТ Скопје од следната сезона повторно ќе бидат дел од АБА лигата.
Македонскиот првак без разлика на епилогот во финалето против Златибор ќе се врати во елитното друштво од регионалното натпреварување бидејќи според правилата на АБА не може во една сезона да има повеќе од пет клуба од една земја и со оглед на фактот дека Србија ја пополнува квотата, МЗТ Скопје ќе се пласира во повисокиот ранг.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.