Во рамките на оддбележувањето на 15-ти април, Светскиот ден на уметноста, во галеријата „Метаноја“ е отворена изложбата „Возвишување“.
Во поставката се опфатени дела на 12 домашни и странски уметници кои се потврда дека уметничкиот дух не знае за граници и за поделби, истакна Коста Милков.
За изложбата кураторот Коробар ќе каже: „15-ти април e Светски ден на уметноста, но и ден роденден на Леонардо да Винчи, чиј дух и дело преставуваат светско културно наследство“.
Автори на делата се: Денис Тенев, Доне Милјановски, Роман Кисјов – Бугарија, Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Вели Блакчори – Косово, Атанас Атанасов – Бугарија, Бернхард Холеман – Австрија, Глигор Чемерски, Евгенија Демниевска, Илија Кочовски.
„Повик на возвишување на секој од нас, преку уметничкото, преку религиозното и комбинација од едното со другото. На крајот на краиштата да си посочиме едни на други навистина УБАВИНАТА ЌЕ ГО СПАСИ СВЕТОТ “ – вели кураторот на изложбата, Климе Коробар.