Култура

Предавање во МСУ на професор Владимир Јанковиќ од Универзитетот во Манчестер

Во рамки на Интердисциплинарната програма „Без/редие во светот на уметноста“, вечерва, во 19 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје,   предавање ќе одржи Владимир Јанковиќпрофесор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија.

Предавањето насловено како „Синтетички неба: спектакл, опскурност и естетското постоење на трагите“,ги проучува кондензирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и внимание кај јавноста. И покрај тоа што овие појави се објаснети како најголеми човечки артефакти со значително влијание врз животната средина и атмосферата на Земјата, тие немаат негативна конотација, како другите еколошки девастирачки процеси: климатските промени, излевањето на нафтата, растот на температурите и пожарите и токсичниот отпад.

Предавањето ќе се фокусира на овие траги на небото, како естетски и еколошки показатели, кои нудат сознанија за влијанијата врз атмосферата и животната средина. Во оваа насока ќе се проследат бројни уметнички дела, кои ги интерпретираат овие појави, тргнувајќи од нивното прозаично постоење, како предмет на уметничко и естетско вреднување, се до естетизацијата на насилството врз животната средина, како процес во културата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе