Култура

Наградената од публиката „ Избувливиот човек“ вечерва во МНТ

Наградената  претстава од публиката на минатогодишниот Фестивал на монодрамата во Битола, ‘Избувливиот човек” , во режија на Перо Даниловски, вечерва ќе гостува во Македонскиот народен театар. Претставата е во продукција на НУЦК ” Бели мугри ” од Кочани, а доаѓа во МНТ во рамките на проектот  „Гостувања во РСМ “, во чиј склоп се предвидени изведби во неколку градови низ државата.
Избувливиот човек” е црна комедија, монодрама, работена по расказ од Антон Павлович Чехов. Режисерот Перо Даниловски на привлечен и аморфен начин го доближува делото на големиот писател кое претставува и негова најголема книжевна отстапка, исчекор од стандардизираните карактери, потчинети на натуралистички порабената руралност. Но сепак, Николас  ( во изведба на Ефтим Трајчов -Ѓаурски), е апсурден лик со природната номенклатура на колерик. Има своја цел, а тоа е дисертацијата за “кучешкиот данок”. Неговото внимание е одвлечено, но не и привлечено, од детинестата Варјенка, која се обидува да го набеди на неговата невозвратена љубов кон неа.
– Двослојната личност пак, Ефтим Ѓаурски ја владее како стих на химна и не само во типологијата на јунгова сенка и нејзината маска, туку и на лицето на актерот, во неговата интонација и телесно држење. Се чинеше како Ѓаурски навистина да дисертира на релацијата на меѓучовечките односи. Низ неговата мимика поминаа и ликот на мајката на Варјенка и ранетиот писател и разноцветните девојки, речиси како да се магентизираа за остроумно отсликаната глума. Ѓаурски наизменично менуваше поларитет, френетично и тактилно, така што успеваше да ја засмее публиката, но и да ја замисли, вели рецензентката Јована Матевска Атанасова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе