Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии”, од Кире Галевски, ќе се одржи во петок во 19 часот на големата сцена на Македонскиот народен театар. Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани во МНТ од 1993 година до денес.
Проектот на театарскиот фотограф Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата – МНТ, а во монографијата како автори на есеите се потпишуваат: Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.

Ликовното и графичкото уредување е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.
Настанот ќе се одржи во рамките на одбележувањето на 77 годишнината од формирањето на МНТ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.