Култура

Иницијативата „Аудиција сега !“ следната недела ќе бара решение за проблемите со министерката за култура

Над 100 дипломирани театарски уметници  и работници , меѓу кои има актери, режисери, драматурзи и продуценти, кои со години се невработени ,  притиснати од егзистенцијални проблеми, ја формираа иницијативата „ Аудиција сега !“. Тие упатија барање за средба со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска , за решавање на нивните проблеми. Како што дознава Телма,  средбата со министерката ќе се реализира во текот на следната недела, а на неа ќе се разговара за остварување на листата од барања кои и се доставени од иницијативата.

  • – Приоритетно барање на иницијативата е формирање работна група за разработка на веќе постојните, но и креирање нови културни политики, отворање нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот на учество на невработени/вработени театарџии во театарските продукции при бодувањето, задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно, ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори – велат од „Аудиција сега !“.

Според иницијативата, Ковид пандемијата егзистенцијално силно ги погодила зашто можностите за вклучување во институционални проекти им се намалиле поради приоритетот да работат вработените театарски уметници. Шанси за вработување на невработените актери речиси и да нема зашто резултатите од последната аудиција лани во јуни беа поништени. Од друга страна, конкурси за вработувања на режисери и драматурзи последен пат се отворени во 2014 година. Затоа дел од невработените театарски уметници и работници работат во други професии или воопшто не работат во струката.

Потврда за средбата на министерката за култура Костадиновска- Стојчевска со претставници од иницијативата „ Аудиција сега !“ , добивме и од Министерството за култура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе