Економија Магазин Македонија

Во Македонија борба за Гинисов рекорд за најдолга презентација на бизнис идеи, ќе трае 30 часа

Вклучи се во уривање на Гинисов рекорд со твојата бизнис идеја

 За прв пат во Македонија се организира уривање на Гинисов рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори.

На овој настан ќе се претстават над 90 бизнис идеи пред шест члена комисија, каде најдобрите 5 бизнис идеи ќе добијат финансирање во износ од 25.000 евра за реализација на истите.

За да се постави овој рекорд потребно е настанот да трае над 30 часа, каде секоја идеја ќе добие време од 10 минути за презентација пред комисија.

Koj може да биде дел?

  • Претприемачи кои имаат само идеја која сакаат да ја развијат
  • Постоечки бизниси кои сакаат да ја претстават својата идеја пред јавноста
  • Инвеститори кои сакаат да дојдат до супер таленти

Кој стои зад настанот?

Зад организацијата на овој настан стои компанијата Нетворкер која и самата има започнато како иновативна бизнис идеја.

Искуството на Нетворкер е токму во развивање на иновативни бизнис идеи преку досегашните спроведени 50+ google design sprint работилници и браинстормирано над 1000 бизнис идеи. Компанијата Нетворкер постои за да ја развие следната генерација на стартапи кои имаат потенцијал да го менуваат општеството, спојувајќи претприемачи, интересни идеи и инвестициски капитал.

Покрај Нетворкер, поддржувачи на овој настан се: Monday Digital Agency, Widnet Solutions, AIESEC, Junus Centre at Faculty of Economics- Skopje, Macedonian Business Angels, Pikon Opus Investment, Startup Macedonia и уште многу други ентузијасти.

Со организирање на овој настан добиваме можност да срушиме еден интересен Гинисов рекорд во нашата држава, да влеземе во книгата на славните, а секоја бизнис идеја да добие можност да биде видена, слушната, можност да биде реализирана и можност да постигне успех од светски размери.

Ако сметаш дека твојата идеја е една од нив?

Треба да се пријавиш на линкот,и да станеш дел од настанот за Гинис, како и да се обидеш да ја оствариш својата бизнис идеја.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе