Вести Македонија Наука и здравје

Копретседателот на македонско-бугарската комисија за историја Драги Ѓорѓиев избран за академик, во МАНУ нови членови и Сашко Кедев и Венко Андоновски

Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа денеска за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука и Драги Ѓоргиев, копретседателот на македонско-бугарската историска комисија, е избран во Одделението за општествени науки.

За редовни членови на Академијата се избрани Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки.

За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки,  проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, проф. д-р Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Венко Андоновски во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани проф. д-р Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, проф. д-р Наташа Јоновска и проф. д-р Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Данска го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе