Вести Код Македонија

КОД: Како Сеад Кочан успеал со замрзнат имот да даде гаранција дека нема повторно да бега и се спасил од притвор

Правобранителството бара одговорност за поранешните обвинители на СЈО, Артан Ајро и Гаврил Бубевски затоа што дозволиле со замрзнат имот, газдата на Трансмет Сеад Кочан да гарантира дека нема повторно да избега, објавува КОД во вечерашното издание во кое продолжува истражувањето за заглавената конфискација на Трансмет.

Настаните за кои се известени сите клучни фактори во државната борба против организираниот криминал се случиле пред 4 години, но правобранителството смета дека обвинителите со грешката ја спречиле успешноста на 17 милиони вредната конфискација.

Државниот правобранител Фахми Стафа на шести јуни 2021 година до Советот на Јавни обвинители  доставил известување за итно превземање мерки и активности  Во тоа време претседател на Советот е Ацо Колевски.  Правобранителот го  известува дека во постапката која се водела за издавање времена мерка  пред Основниот суд еден , издадена од катастарот  на 11 мај 2017-та   , нешто што го побарал Обвинителот,  не можело  да се  впише како  товар заради непостоење на имотот.

,, Укажуваме дека со оглед дека истрагата повеќе не ја води судот туку обвинителот , и имајќи предвид дека судските совети се менуваат и решаваат по предлозите на обвинителството, единствен кој имал увид во целокупната документација бил надлежниот обвинител , кој морал да внимава на сите докази кои се приложуваат. ,, им пишува правобранителот Стафа.

Правобранителството потенцира дека ,,како последица на ваквото невнимателно и непрофесионално однесување на обвинителот е оштетена државата , на тој начин што не можело да биде спроведена конфискација на имотот а при тоа решението за привремена мерка е јасно содржано дека сите дејствија врз имотот што се предмет на обезбедување , децидно наведени во решението а кои се преземени по поднесувањето на барањето за привремени мерки се ништовни. ,,

Правобранителството известува и дека Основниот граѓански суд Скопје им ја одбило тужбата поднесена 30 Јуни 2021 за утврдување на појака правна основа на сопственост и владение и непостоење на право и неважечко правно дело .

Ваков допис Државното Правобранителство упатило и до тогашниот премиер Зоран Заев и до вицепремиерот Љупчо Николовски кој беше задолжен и за борба против корупција. Но во документите кои беа доставени до КОД нема одговор од Заев и Николовски.

Во КОД вечерва и информацијата дека антикорупционерите ќе отворат постапка за конфискацијата на Трансмет за да проверат дали има корупција. Дел од запленетиот имот на Трансмет е преземен од Пуцко петрол иако во судот се водат постапки за спорните нотарски договори склучени откако државата веќе со судска пресуда го добила имотот на Трансмет стекнат со кривични дела.

Снежана Лупевска Созен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе