Уметноста на Париз и париската школа извршиле големо влијание развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век. Низ делата на основоположниците на македонската современа уметност: Димитар Пандилов Аврамовски, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Томо Владимирски, Борко Лазески и Лена Стефанова се разоткриваат сите влијание и импресии за време на нивниот престој во „градот на светлината“.
- Поуките на париската школа во македонската модерна уметност се и повеќе од живи и се провејуваат низ делата на нашите најеминентни претставници на модернизмот. Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност- Дита Старова Ќерими, директорка на НГМ.
Пресек на развојот на модернизмот во македонската уметност од почетокот на 20-от век и преодот од фреско-живопис и иконопис, кон уметност на световни мотиви нуди изложбата .
- Париз тој центар на привлечност за сите уметници од целиот свет, беше присутен тука во боите, во линиите и потезите на четките, во сите теми кои се третираат во овие слики. Во рамките на размената околу париското влијание и различните можности за соработка ние контатиравме дека оваа изложба и овие уметници навистина заслужуваат да бидат вреднувани уште повеќе и од тука се роди идејата за„Париски рефлексии“- Сирил Бомгартнер , амбасадор на Франција во РСМ.
- Отворајќи ја оваа изложба токму денеска ја потенцираме поврзувачката сила што како мост ја има франкофонијата, збилжувајќи ги народите од сите континенти на светот. Со оддбележување на овој ден сите чувствуваме посебна одговорност кон она што го славиме. Франкофонијата низ годините прерасна во мисија која ги промовира францускиот јазик и култура, но и јазична разновидност, мир, демократија, човекови права- Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерка за култура.
Делата на првите три генерации македонски современи уметници во Чифте амам ќе бидат изложени до крајот на месец април.
Нина Стефанова