Култура

Танкица Стојанова нова в.д. директорка на ЦК во Струмица

Министерството за култура ја назначи актерката Танкица Стојанова за в.д. директорка на НУЦК „Антон Панов“, во Струмица. Таа доаѓа на местото на Боби Гошиќ, кој ја вршеше истата фукција од септември минатата година. Стојанова е дел од ансамблот на Театарот „Антон Панов“ и до изборот на нов директор на струмичкиот Центар за култура, ќе раководи со установата.

Минатата година иницијативата „Култура или фискултура“, во која беа вклучени актери од струмичкиот театар, организираше повеќе протести во Струмица и Скопје, со кои алармираа на законските прекршувања во постапката за избор на тогашниот директор Васил Бубев. За овој случај од иницијативата „ Култура или фискултура“, покренаа судски процес кој резултираше  со смена на Бубев, лани во  септември. А, на неговото место за в.д. директор беше назначен Боби Гошиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе