Министерството за култура ја назначи актерката Танкица Стојанова за в.д. директорка на НУЦК „Антон Панов“, во Струмица. Таа доаѓа на местото на Боби Гошиќ, кој ја вршеше истата фукција од септември минатата година. Стојанова е дел од ансамблот на Театарот „Антон Панов“ и до изборот на нов директор на струмичкиот Центар за култура, ќе раководи со установата.
Минатата година иницијативата „Култура или фискултура“, во која беа вклучени актери од струмичкиот театар, организираше повеќе протести во Струмица и Скопје, со кои алармираа на законските прекршувања во постапката за избор на тогашниот директор Васил Бубев. За овој случај од иницијативата „ Култура или фискултура“, покренаа судски процес кој резултираше со смена на Бубев, лани во септември. А, на неговото место за в.д. директор беше назначен Боби Гошиќ.