Вести Наука и здравје

ФОТО: Ровер пронашол „камен цвет“ на Марс

Роверот Ќјуросити сними фасцинантен „камен цвет“ на површината на Марс кон крајот на февруари. Иако наликува на ситно цвеќе или органска креација, експертите велат дека всушност станува збор за минерална формација која потекнува од античкото минато на Марс.

 

Ровер се сретнал со такви структури и порано – дијагенетски кристални групи. Геофизичарката Абигејл Фрејман, која работи на проектот Curiosity, напиша на Твитер дека претходно пронајдените формации се составени од сулфати, пишува Universe Today.

Карпи слични на карфиол

Во 2013 година, Ќјуросити на Марс пронајде друга структура слична на цвет, а роверот Спирит пронајде карпи со сличен изглед, кои го добија името – карфиол поради нивните нерамни испакнатини.

„Ровер ја фотографираше оваа формација на 24 февруари 2022 година. „Цветот“ и сферичните камени предмети што се гледаат десно се формирани во античкото минато на Марс кога минералите што ги носи водата влијаеле на обликот на карпите“, соопшти НАСА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе