Стабилното и сончево време продолжува и во текот на утрешниот ден. Во најголемиот дел од земјата ќе се задржи сончево време со мала локална облачност и слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде студено со утрински температури кои на повеќе места ќе бидат под 0°C, а дневната ќе биде во пораст и ќе се движи во интервал од 6 до 15°C
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 7 часот изутрина (во см)
60 Попова Шапка, 54 Крушево, 46 Маврови Анови, 18 Пожаране.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С измерени денеска)
-10 Маврови Анови, Берово, Попова Шапка, -8 Крива Паланка, -7 Скопје-Петровец, Струмица, -6 Куманово, Демир Капија, -5 Прилеп, Битола, Штип, Гевгелија, Kрушево, -4 Тетово, Претор, Охрид, Дебар, -3 Скопје-Зајчев Рид, Виница, -2 Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/