Кошарка Спорт

Пораз на ЛА Лејкерс, ЛеБрон за историја

Лидерот на Западот, Феникс беше поуспешен од Лос Анџелес Лејкерс, а ЛеБрон Џејмс во поразот на својата екипа влезе во историјата на НБА.

Феникс триумфираше со 140:111, но овој дуел ќе се памети по рекордот на Џејмс кој стана првиот играч во историјата на лигата кој успеал да забележи преку 30.000 поени, 10.000 скока и 10.000 асистенции. Ѕвездата на Лејкерс мечот го заврши со 31 поен, седум освоени топки под обрачите и шест додавања.

Во победничкиот тим Девин Букер имаше учинок од 30 поени и 10 асистенции, Деандре Ајтон додаде 23 поении и 16 скока додека Мајкл Бриџис беше стрелец на 18 поени.

Мемфис ја совлада Оклахома со 125:118 и изби на второто место во Западната конференција. Дезмонд Бејн забележа 21 поен и осум освоени топки, Џа Морант впиша 17 поени и 10 асистенции, а Џерен Џексон постигна 18 поени.

На спротивната страна Шај Гилгаус Александер имаше учинок од 31 поен и седум додавања. а Дариус Бејзли стигна до 29 поени и 10 скока. Во останатите натпревари Атланта – Индијана 131:128 и Њу Орлеанс – Хјустон 130:105.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе