Новата работна недела ќе ја отпочнеме со малку потопло време. Утрата и понатаму ќе бидат студени, утре повторно со температура под нула речиси насекаде, но дневната ќе биде во благо покачување и ќе се движи во интервал од 5 до 12°C. Ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец.
Агропрогноза:
Разладувањето на атмосферата, со врнежи од дожд и снег, со пониски дневни температури, во изминатата седмица, го успорија или го одржуваа на исто ниво пролетното будење на овошките, што е добро во овој период од годината, без разлика што ваквите температури беа подпросечни, бидејќи време за негативни температури сѐ уште има, зимата сѐ уште трае.
Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на викендот и наредната седмица, особено во првите неколку дена, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети доколку во регионите каде е веќе расветан бадемот, сливата и раните сорти кајсии истите да паднат под -5°C, температура која е пониска од издржливоста на овошките во оваа фаза.
Во повисоките региони каде не е отпочната вегетацијата добро е што ќе ги одржи подолго време во мирување овошките и виновата лоза, фаза која колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да имаме поуспешна реколта.
Информација од утрово:
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
61 Попова Шапка, 58 Крушево, 49 Маврови Анови, 30 Ѓуриште, 23 Пожаране.
Минимална температура (во °C)
-16 Маврови Анови, -13 Берово, -12 Попова Шапка, -11 Kрушево, Крива Паланка, -10 Претор, -9 Скопје-Петровец, Прилеп, Битола, -8 Охрид, Тетово, Куманово, Штип, Демир Капија, Струмица, -7 Виница, -6 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -4 Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/