Вести Магазин Најважни Свет

Се породи бремената жена која го преживеа и руското бомбардирање и руската пропаганда за болницата во Мариупол

Здраво девојче доби бремената Украинка чија евакуација од бомбардираната гинекологија во Мариупол беше овековечено од фото репортери на фронтот.

Маријана Подгурскаја го преживеа руското бомбардирање на детската болница во Мариупол, а ги преживеа и нападите од руската пропаганда која преку амбасадата на Русија во Лондон тврдеше дека Подгурскаја е актерка и не е повредена.

На фотографиите по бомбардирањето, се гледаше и повреденото лице на Маријана. Два дена по бомбардирањето, Украинката се породи во друга болница во опколениот град на Азовско Море. Роди здраво девојче.

Во средата гувернерот на областа Доњецк, каде што се наоѓа Мариупол, изјави дека во бомбардирањето на детската болница, во која спаѓа и породилиштето, се ранети 17 лица, а меѓу ранетите има и една жена која се породила.

Русите пак негираа дека гранатирале детска клиника туку тврдеа дека нема повредени жени и деца, а во објектот биле засолнети украински борци.

Лицето на Маријана која е инстаграм блогер за убавина и здрава храна беше искористено како потврда на руската пропаганда дека спротивната украиннска пропаганда шири лажни информации за последиците од нападот врз објектот.

Покрај рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, најдалеку отиде руската амбасада во Лондон која тврдеше дека Маријана е модел-актер и глуми повредена бремена жена.

Два дена подоцна, Маријана Подгурскаја ги демантираше наводите на руските дипломати со тоа што роди здраво женско дете откако извлече жива глава од разурнатата болница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе