Временска прогноза

Променливо облачно и студено – Временска прогноза за 11.3.2022

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува променливо облачно и студено време. Ќе дува умерен, а во должина на Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Ќе се задржи претежно стабилно време, но на некои места ќе има повремено провејување на снег. Температурите остануваат под просекот за овој периот од годината како наутро така и преку ден. Утринската температура на места ќе се спушти и околу -10°C, во делови од земјата и дневната температура ќе остане под 0, односно ќе се движи во интервал од -1 до 5°C

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)

64 Попова Шапка, 62 Крушево, 52 Маврови Анови, 33 Ѓуриште, 24 Пожаране.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)

-14 Попова Шапка, -12 Маврово, -10 Крушево, -8 Претор, -7 Kрива Паланка, Берово, -6 Охрид, Битола, -5 Прилеп, Виница, -4 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, -3 Струмица, Куманово, -2 Тетово, Скопје-Зајчев Рид, -1 Гевгелија, 0 Дојран.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претежно сончево и многу топло – Временска прогноза за 4.7.2025

Дејан Дејан

Стабилно, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 3.7.2025

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе