Режисерката Дина Дума освои награда за најдобра режија за дебитантскиот филм „Сестри”, на вчера вечер завршениот 50 филмски фестивал „Фест“, во Белград.
- Дума вешто ги води младите актери во филмот кој успеа да прераскаже приказна за многу важна тема од нашето време и да отвори дијалог”, соопштија од меѓународнотo жири, во состав: Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ.
Филмот „Сестри” ја имаше својата светска премиера во август минатата година, на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде ја освои специјалната награда на жирито, во програмата „Источно од западот“. А, македонската премиера на филмот беше на фестивалот „Браќа Манаки“. Филмот досега е прикажан на повеќе од 30 фестивали. А, беше награден и на фестивалите во Висбаден и во Атина.
Главните улоги во фимот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцентка е Марија Димитрова, а сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов.