Украински морнар е уапсен во Мајорка, Шпанија, откако делумно потонал јахта на Александар Михеев, руски олигарх и извршен директор на руска државна компанија за оружје.
Украинецот идентификуван како Д.Тарас (55) работел 10 години како главен инженер на луксузната јахта Лејди Анастасија. Решил да се обиде да ја потопи јахтата поради руската инвазија на Украина, па ги отворил вентилите и ја пуштил водата во машинската соба. Потоа му рекол на остатокот од екипажот, исто така Украинци, да го напуштат бродот и да дозволат да потоне. Тие одбиле и продолжиле да работат за да не потоне бродот.
„Мојот шеф е криминалец, тој продава оружје што го убива украинскиот народ“
Нивниот чин успеал да ја спаси јахтата од потонување, а кога на лице место се појавила шпанската полиција, Тарас ја презел одговорноста за обидот да ја потоне јахтата.
„Мојот шеф е криминалец кој продава оружје што го убива украинскиот народ“, му рекол тој на судијата на подготвително рочиште, пренесува Дејли билтен на Мајорка. Тој додаде дека не се кае што направил и како би го направил тоа повторно.
„Гледав вести за војната, имаше видео од хеликоптер како напаѓа зграда во Киев. Оружјето што го користеше беше произведено од компанијата на сопственикот на јахтата. Тие нападнаа невини луѓе“, рече тој.
Лејди Анастасија е суперјахта долга 48 метри. Има место за 10 гости и девет членови на екипажот.