По денешниот состанок на Извршниот комитет на ЕКА донесена е одлука да бидат исфрлени сите руски кошаркарски клубови од двете натпреварувања под капата на оваа организација, Евролигата и Еврокупот.
Тоа значи дека кошаркарската Евролига останува без ЦСКА Москва, Зенит и Уникс Казањ, додека од Еврокупот исфрлени се Локомотив Кубан и Краснодар. ЕКА ќе продолжи да ја следи ситуацијата и доколку работите на се подобрат во брзо време сите резултати на руските тимови во досегашниот тек од сезоната ќе бидат избришани.
Евролигата уште минатата недела, кога започна инвазијата на Русија кон Украина реши да ги одложи натпреварите на руските тимови.