Вести Свет

Болсонаро го исмева Зеленски: Украинците му веруваат на комичарот

Десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро вчера на прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека „украинскиот народ ги положи своите надежи во рацете на комичарите“.

Болсонаро одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Тој рече дека Бразил ќе остане неутрален во конфликтот, додавајќи дека „Бразил и Русија се практично братски нации“.

„Нема да заземаме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и да помагаме со се што е потребно. Голем дел од украинското население зборува руски“, рече Болсонаро.

Бразилскиот претседател додаде дека вчера разговарал со Путин два часа, но бразилскиот министер за надворешни работи подоцна рече дека Болсонаро се осврнал на посетата на Москва претходно овој месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе