Вести Свет

ЕУ за првпат ќе финансира оружје за нападната држава која не е дел од блокот

Искандер ракети лансирани кон Украина од Белорусија. Веднаш откако Зеленски објави дека се согласил на мировни преговори со руска страна кои ќе се водат на самата граница. Ракетите биле истрелани околу 17 часот по локално време, соопшти ја од украинското МНР. Ова ли е прекин на огнот, прашува украинскиот дипломат Антон Херашенко. Но, се засилува и поддршката за Украина. ЕУ за првпат во својата историја одлучи да финансира оружје кое ќе биде наменето за војната во Украина.

ЕУ уште еднаш излегува со поддршка за Украина воведувајќи санкции за агресорот, а тоа е Путиновата Русија. за првпат ЕУ ќе го финансира и достави оружјето и друга опрема за земја која е нападната. Ова е момент на пресврт, изјави УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕК

 

Улични борби се водат во центарот на Харков откако руските војници влегоа во вториот по големина град во Украина. Жителите на источниот град се повикани да останат во засолништа и да не патуваат никаде. Во овој град се заглавени и македонски државјани кои не може да се евакуираат. Но, во текот на денот напредуваше украинската војска и успеа да ја врати контролата во градот. За да знаат дека земјата им благодари, претседателот Зеленски рече дека војниците ќе добиваат дупло повисока плата, односно 3400 долари месечно.

Шетата која ја направи руската војска врз украинските градови е толку сериозна што луѓето ќе мора да живеат во услови кои не се видени од Втората Светска Војна. Украина поднесе тужба против Русија во Меѓународниот суд во Хаг, а бара и да и се одземе правото на глас во Советот за безбедност на ОН. Претседателот Зеленски повика на странски доброволци кои би и се приклучиле на битката против Русија, чии воени акции рече дека се граничат со геноцид.

Ноќта во Украина беше сурова. Повторно имаше гранатирање и бомбардирање на станбени области и цивилна инфраструктура. Не постои ниту еден објект во земјата што окупаторите нема да го сметаат за валидна цел. Војуваат против секого и сè живо, против градинките, против станбените згради и амбулантите. Користат ракетна артилерија, проектили, против цели градски области кои никогаш немале и немаат сега никаква воена инфраструктура, рече Зеленски. 

Киев се уште пружа сериозен отпор против руската војска. Сепак, борбите се водеа на периферијата каде беше ракетирана и детската онколошка болница Окматид. Загина шест-годишно момче, кое е и најмладата жртва во руската инвазија. Во болницата се ранети двајца тинејџери и тројца возрасни.

Огромна експлозија го осветли небото над главниот украински град во текот на ноќта, запален беше магацинот за нафта во градот Василков, на околу 20 километри јужно од Киев.

Во Киев се уште трае полицискиот час и граѓаните не смеат да излегуваат на улиците до утре. Ноќите ги минуваат во подземната железница која веќе е претворена во една голема заедница каде сите си помагаат. Пријатели им станаа и стаорците, а луѓето се обидуваат да останат позитивни.

  • Навистина е добра атмосферата кај нас, луѓето се многу топли, се зближуваме, си помагаме.

Над нивните глави, украинската војска дава силен и храбар отпор. Луѓето знаат дека следуваат темни денови, но веруваат дека оваа нереалност кратко ќе трае. Се уште не може независно да се потврдат бројките за убиени војници и цивили. Но според ОН, за 4 дена во Украина загинале 64 цивили.

Алиса Шутиноска 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе