Единствената алтернатива освен санкциите за Русија да биде казнета за инвазијата врз Украина е да се започне Трета Светска Војна, вели американскиот претседател, кој вчера одобри санкции лично кон претседателот Путин и неговиот прв дипломат Лавров.
Имате две опции. Да ја започнеме третата светска војна и да влеземе во војна со Русија, физички. И второ е да се осигураме дека земјата која се однесува толку спротивно на меѓународното право ќе плати за она што го направи. Нема санкција која е моментална. Не е како да можеш да санкционираш некого и да кажеш дека веќе нема да си претседател на Русија. Но, мислам дека овие санкции, знам дека овие санкции се најшироки санкции во историјата, и економски санкции и политички санкции. Целта од самиот почеток ми беше да ги задржам и НАТО и ЕУ на иста страница. Затоа што мислам дека Путин мислеше дека ќе може да го подели НАТО создавајќи голема решетка за да може да помине низ неа.
Со желбата да го раздели НАТО, Путин го произведува токму спротивниот ефект вели Бајден. За Русија, Вашинготн си има свои интереси во Европа и затоа ја користи Украина како марионета за да ја демонизира Русија и на светот да и ја претстави како непријател.
Додека трае вербалната војна меѓу Западот и Русија, на терен Киев влегува вечерва наликува на град на духови. Граѓаните до понеделник не смеат да излезат од домовите и скривниците. Полицискиот час е продолжен и секој кој ќе биде виден на улиците ќе се смета за дел од дивезантската група за која предупредува украинската влада. Киев го чека уште една тешка ноќ, откако Русија нареди напад врз Украина од сите страни. Одлуката е најмногу поради одбивањето на Зеленски да преговара за прекин на огнот.
Гледајќи дека украинската страна суштински ги одби преговоритее, попладнево продолжи напредувањето на главниот руски контингент според планот за спроведување на операцијата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Украина ги демантираше, а вечерва тоа го потврди и претседателот Зеленски, и рече дека идејата Турција и Азербеџан да помогнат во организација на преговорите е добра и прифатлива.
Илхам Алијев и претседателот Ердоган се пондија да ги организираат преговорите и за нас тоа е добредојдено, рече Зеленски.
Во текот на денот продолжи жестоката битка за главниот град. На улиците гореа полициски автомобили, а руски проектил погоди и една станбена зграда. Целосно се уништени два ката. Повредени беа последните шест станари кои биле доволно храбри да не се симнат во скривниците. Зеленски обвини дека дека руската војска веќе не бира цели и удира и по цивилни објекти, што руската страна го демантира. За тешката ноќ која следува, граѓаните чекаа во редици пред полициските станици каде се делеше оружјето.
Бројките за претрпени загуби во човечки животи варираат и се уште е тешко независно да се потврдат. Украина јавува за 198 жртви за 48 часа, од кои две се деца, а има и над илјада повредени. Киев се уште е во фокусот, но хаотични битки се водат и на југот и истокот од земјата. Заземен е стратеки важниот град Мелитопол, а во Мариопуљ голем дел од луѓето веќе немаат свој дом. Стравот од нови гранатирања не им дозволува да се вратат.
Што ако нешто се случи вечерва? Каде ќе одиме ?
Смири се, смири се.
Алиса Шутиноска