Вести Најважни Свет

Русија нареди напад врз Украина од сите страни

Руската војска доби наредба да ја прошири својата офанзива во Украина „во сите правци“ во согласност со плановите на операцијата. Ова е најмногу поради тоа што Киев ги одби преговорите за прекин на огнот, се вели во соопштението на руското МО. Во Киев и во неколку градови низ Украина е прогласена воздушна опасност. Уште една тешка ноќ им следува на граѓаните.

Експлозии во периферијата на Киев се регистрирани во текот на целиот ден, додека руските трупи напредуваа кон градот. Истрели има и во близина на центарот на градот. Украинските власти известија велат дека силно ги одбиваат нападите од руската страна. Градоначалникот на Киев го продолжи полицискиот час – ќе почнува од 17 часот до 8 изутрина.

Сега во Киев дејствуваат субверзивни групи, имаше неколку судири, престрелки. До 6 часот наутро се ранети 35 лица, меѓу кои и две деца. Ги молам сите да останат смирени и да останат во засолништа. Непријателот ќе нападне од воздух, изјави ВИТАЛИЈ КЛИЧКО, ГРАДОНАЧАЛНИК НА КИЕВ

Претседателот Зеленски повторно им порача на Украинците дека не си заминува од државата и не го положуваат оружјето. Во најновото драматично обраќање рече дека сега се решава судбината на Украина.

Армијата го контролира Киев и клучните точки на градот. Сакаа да го блокираат центарот на нашата држава и да ги населат нивните марионети овде, како што направија во Доњецк. Ги прекршивме нивните планови. Тие немаат никаква предност. На нашите улици, во Киев, во Василков, во Вишхород, дури и во селата, вистинската борба за Киев е во тек. Непријателот употреби сè против нас: проектили, борбени авиони, беспилотни летала, артилерија, оклопни возила, диверзантски групи, падобранци, изјави Зеленски. 

Жителите на Киев се во скривниците и подземната железница. На секој час се слушаат сирените. На улиците горат полициски автомобили, но руски проектил погоди и една станбена зграда. Целосно се уништени два ката. Жртви нема затоа што голем дел од станарите биле во засолништата, но оние кои останаа беа евакуирани.

Зеленски обвини дека руската војска веќе не бира цели и удира и по цивилни објекти, што руската страна го демантира.

Дозволете ми уште еднаш да нагласам дека мета се само инфраструктурните локации на украинските вооружени сили, исклучувајќи ја можноста за оштетување на станбената и социјалната инфраструктура, изјави ИГОР КОНАШЕНКОВ, ПОРТПАРОЛ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА РУСИЈА

За 48 часа загинале речиси 198-те украинци меѓу нив три деца, повредени се 1115, меѓу нив 33 деца. Украинската војска тврди за загнати 3500- тини руски војници, а над 200-те се заробени. Од руската страна се уште нема бројка на загинати Руски војници. Јавуваат за уништени 821 воени објекти во Украина. Сепак, бројките за претрпени загуби во човечки животи варираат и се уште е тешко независно да се потврдат.

Киев се уште е во фокусот, но хаотични битки се водат и на југот и истокот од земјата. Јужниот град Мелитопол во украинското Запорожје е првиот важен центар кој е заземен од руската војска, според нивните тврдења. Овој град е раскрсница и важно стратешко место преку кое руските единици може да се префрлаат и кон пристаништето Одеса и кон областите Доњецк и Луганск.

Директни санкции кон Путин и неговиот прв дипломат Лавров воведоа и Америка и Канада придружувајќи им се на ЕУ и Велика Британија. Во одбрана се јави поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, кој рече дека „санкциите не значат ништо, операциите ќе продолжат се додека не се исполнат целите што ги определи рускиот претседател“.

Алиса Шутинсока

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сабота во Градскиот парк завршен настан на вториот дел од кампањата „Крени глас“

Дејан Дејан

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе