Министерството за одбрана на Русија објави дека руските воени единици го зазеле градот Мелитопол во југоисточниот дел на Украина.
Овој град е раскрсница и важно стратешко место преку кое руските единици може да се префрлаат и кон пристаништето Одеса и кон областите Доњецк и Луганск.
Руската агенција Интерфакс објави дека градот Мелитопол во текот на ноќта е нападнат со ракети испалени од бродови и од артилериски орудија на други локации.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.