Владимир Питин и Сергеј Лавров се најдоа на црната листа на Европската унија. Брисел донесе одлука да им ги замрзе финансиските средства на рускиот претседател и на шефот на руската дипломатија како дел од новиот сет санкции кон Русија.
„Претседателот Путин и министерот за надворешни работи Лавров се на листата на санкционирани лица заедно со членовите на Думата кои ја поддржаа ова агресија, како и со членовите на Советот за безбедност на Русија. Ние исто така ќе ги таргетираме и оние во Белорусија кои соработуваат со руската воена агресија против Украина и нема да застанеме на тоа. Донесовме и одлука да ги таргетираме сите, мислам сите, кои обезбедуваат значајна економски“, рече Борел.
Но и покрај замрзнатите средствата Путин и на Лавров нема да добијат забрана за патување. Новите санкции од ЕУ кон Русија освен што вклучуваат листа од имиња на руски олигарски и политичари опфатија и пет други области.
„Првиот е финансискиот сектор. Втор е енерегетскиот сектор. Трет е транспортот. Четврти се контролата на извозот и забраната за извоз на финансии. И последна е визната политика. Дозволете ми да подвлечам некои од клучните точки. Најпрвин, овој пакет вклучува финансиски санкции кои го прекинуваат рускиот пристап кон најважните пазари на капитал. Ние сега таргетираме 70% од рускиот банкарски сектор, но и клучните државни компании, вклучително и тие од областа на одбраната“,
Забраната за извоз во Русија треба да го погоди нејзиниот нафтен сектор, оневозможувајќи и да ги надгради рафинериите, но и да ја запре продажба на авиони и опрема за руските авиопревозници. Ограничен е и пристапот на Русија до клучните техологии како што се полупроводници или најсовремените софтвери. Во делот на транспортот и визите усвоен е и долг список на имиња кои немаат веќе привилегија да влезат во Европската унија.
Но во пакетите санкции кои и САД и ЕУ ги воведоа кон Русија во последните 24 часа против, не се најде и забраната СВИФТ глобалниот меѓубанкарски платежен систем, што пак го бара Украина како мерка кон Русија. СВИФТ мрежата инаку им помага на финансиските институции да си пренесуваат пари едни на други, овозможувајќи глобалната трговија непречено да се одвива.
Францускиот минисер за финансии токму исфрлањето на Русија од банкарскиот СВИФТ систем го нарече финансиско нукеларно оружје, за кое Франција нема двоумење дека треба да се употреби, но оти некои земји-членки имаат резерва кон тоа.
„Ќе направиме проценка со Европската централна банка, со Европската комисија за последиците од користењето на ова финансиско нуклеарно оружје и сакам да кажам дека оваа проценка нема да се прави во следните денови или недели. Тоа ќе биде направено во неколку следни часа“, рече Ле Мари.
Освен ЕУ, и САД воведе нови санкции кон Москва. Освен за финансиските институции Вашингтон го тагетираше и извозот на техологија во Русија. Велика Британија освен санкции кон руските банки направи и список од 100 поединци и субјекти кон кои ќе воведе санкција.
НАТО по денешниот вонреден самит пак соопшти дека за првпат во историјата на колективната одбрана на Алијансата како одговор руската агреисја на Украина ќе ги распореди дел од своите сили за одговор, кои вкупно бројат 40.000 војнци, на источното крило на НАТО, вклучително и авиони и воени бродови. Притоа Алијансата уште еднаш ја предупреди и побара од Русија да се повлече од Украина, а ја предупреди и Белорусија.
„Целите на Кремљ не се ограничени на Украина. Русија бара легален документ со кој би се прогласило запирање на идно проширување на НАТО и повлекување на трупите и инфраструктурата од членките кои се приклучиле по 1997 година. НАТО ќе ги смета Русија и Белорусија одговорни за нивните активности. Русија како агресор, Белорусија како поддржувач. Одлуката на претседателот Путин да настапи со агресија кон Уктраина е голема стратешка грешка за која Русија ќе плати огромна цена во годините кои доаѓаат“, рече Столтенберг.
И додека руските напади на Украина продолжуваат, а Западот воведуа санкции кон Москва, попладнево украинскиот претседател Володимир Зелински 40 минути телефонски разговарал со америкснакиот претсдеател Џо Бајден за зајакнување на санкциите, како и за конкретна одбранбена помош и антивоена коалиција.
И додека целиот демократски свет ја остро ја осуди руската агресија на Украина, срспкиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека го поддржува територијалниот интегритете на Украина, но смета дека сега не е време за санкции кон Русија. Српската влада во наредните 48 часа ќе решава околу состојбната во Украина.
Тамара Грнчароска