Вести Свет

Пентагон: Русија сака да ја собори украинската Влада во Киев

Американската Влада верува дека Русија планира намера да ја собори Владата во Киев како дел од нејзиниот напад врз Украина.

– Наша проценка е дека (руските сили) имаат секаква намера во основа, да ја обезглават Владата и да инсталираат сопствен метод на управување, што би ги објаснило овие рани потези кон Киев, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана, според транскрипт од Пентагон.

Како што пренесе ДПА, украинската војска дава отпор на руските војници, се додава во соопштението.

Борби се водат во радиус од околу 30 километри од главниот грЍ д на Украина Киев и околу главниот источен град Харков, недалеку од руската граница, меѓу другите места, рекол претставникот.

Воените дејствија на руските трупи очигледно се насочени кон освојување на клучни населени центри, додал тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе