Вести Свет

ЕУ со нов пакет санкции за Русија, дел од нив насочени против Путин и Лавров

Министрите за надворешни работи на ЕУ вечерва ги усвоија новиот пакет санкции, насочени кон рускиот претседател Владимир Путин и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, поради одлуката за инвазијата на Украина, изјавија дипломатски извори за ДПА.

На Путин и Лавров им замрзнуваат имот, како дел од огромниот пакет договорен на вонредниот самит на лидерите на ЕУ за одговор на рускиот напад врз Украина.

Новите санкции доаѓаат покрај замрзнувањето на имотот и забраните за патување што веќе беа наметнати на високи функционери на Кремљ, а кои беа вклучени во одлуката на Русија да ги признае отцепените провинции на Украина како независни држави.

Новите ограничувачки мерки се насочени и кон енергетскиот, финансискиот и транспортниот сектор на Русија, како и забрана за извоз на критични технологии и софтвер од Европа во Русија, а ќе се воведат и визни ограничувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе