Руската армија има мобилни крематориуми во Украина, пишува Телеграф, повикувајќи се на британските власти.
Видеото го објави британското Министерство, а на него се гледа возило кое всушност е подвижен крематориум со просторија во која е запалено човечко тело. Видеото е објавено пред рускиот напад на Украина.
Бен Валас, британскиот министер за одбрана, вели дека ова може да биде начин Русите да ги прикријат загубите во борбите.
„Да бев војник и да знаев дека моите генерали имаат толку мала доверба во мене и дека ме следат низ бојното поле со мобилен крематориум, би бил длабоко, длабоко загрижен“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Ваквите подвижни крематориуми се познати од порано, но со руската агресија врз Украина тие повторно почнаа да се споменуваат во јавноста.