Претпладне ќе биде пријатно, сончево со мала до умерена облачност.
Но, веќе во попладневните часови со постепено зголемување на облачноста и во западните делови со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на нова циклонска активност, во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер во јужните делови од југоисточен, а во северните од северен правец.
Агропрогноза:
Измината седмица имавме променливо време, при што дојде до разладување на атмосферата, со пониски дневни температури, кои за жал не го стопираа, туку само го успорија пролетното будење на овошките, особено оние од коскестите видови, кои и вообичаено се првите видови.
Слични временски услови се очекуваат и за наредната седмица, со влажен бран на почетокот и променливо облачно време во останатиот дел од седмицата, со сончеви периоди, временски услови кои се добредојдени за изведување на работи во поле како што е кроењето на лозјата и резидбата на овошките.
Ваквите временски услови нема да им одат во пролог на пчеларите и пчеларството, каде потребите од храна се зголемени, па така пчеларите потребно е да ги обезбедат со цврста храна заради зголемената потрошувачка предизвикана со предходното зимско затоплување.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-8 Берово, -6 Скопје-Петровец, Битола, Попова Шапка, Маврови Анови, -5 Крива Паланка, Претор, Демир Капија, Струмица, -4 Тетово, Прилеп, Куманово, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Kрушево, Охрид, -2 Виница, Гевгелија, 0 Дојран.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
16 Попова Шапка, 2 Маврови Анови.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/