Најголемиот дел од руските сили се на 50 километри од центарот на Киев, соопшти британското министерство за одбрана објавувајќи ги последните разузнавачки податоци.
Британците тврдат дека руските оклопни дивизии отвориле нов пат кон Киев, откако не успеале да го заземат градот Чернихив, на северот од земјата.
Исто така соопштуваат дека имаат информации за спорадични престрелки помеѓу руски сили и Украинците во северните предградија на Киев.
Претставник на Пентагон за новинската агенција Ројтерс изјавил дека руската офанзива забавува и додал дека до сега ниту едно поголемо населено место не било окупирано од руските сили, иако биле гранатирани станбени области.