Вести Најважни Свет

По повикот на Зеленски за преговори со Путин, официјална Москва подготвена да испрати делегација во Минск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски директно го повика рускиот претседател Владимир Путин. Во неговото последно обраќање, Зеленски на руски јазик директно му се обраќа на Путин, повикувајќи го да почне преговори со неговата влада. Официјална Москва одговори дека ќе го анализира повикот на Зеленски.

Нов, директен повик од украинскиот претседател до неговиот руски колега. Да преговараме, и да го запреме крвопролевањето, бара украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сакам да му се обратам на рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш. Борби се водат на целата територија на Украина. Да седнеме да разговараме и да го запреме крвопролевањето.

Официјална Москва ќе го анализира предлогот на Зеленски за неутралност на Украина кога станува збор за нејзиното членство во НАТО. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков  го оцени како „чекор во позитивна насока“ и рече дека рускиот претседател е подготвен да испрати делегација во Минск на преговори со Украина.

РИА НОВОСТИ: Путин подготвен за преговори со Украина на високо ниво

Москва бара гаранции дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО или да и дозволи на Алијансата да распореди трупи на украинска територија.

Зеленски ги обвини европските лидери дека не преземаат доволно чекори за да се забави напредувањето на Русија, додека во Украина се бројат и првите жртви од руската инвазија, каде цел не е само воената инфраструктура како што тврди Русија.

Кога бомби паѓаат врз Киев, тоа се случува во Европа, не само во Украина. Се случува во Европа не само во Украина. Кога проектили убиваат наши луѓе, тоа е смрт на Европејци. Барам поголема безбедност за Европа, поголема заштита за Украина како дел од демократскиот свет.

И додека во главниот град на Украина се водат улични борби, Лавров се сретна со претставници на така-наречените републики Доњецк и Луганск.

Се разбира, Русија не може да остане рамнодушна на директните барања на водачите на вашите држави и да пружи помош против агресорот. Во согласност со нашите сојузички обврски, претседателот Путин одлучи да почне специјална воена операција за демилитаризација и де-нацификација на Украина, за да се ослободи од ова угнетување и Украинците слободно да одлучат за нивната иднина.

Украински извори тврдат дека речиси 200 Украинци, од кои 54 цивили загинаа за време на руската инвазија. Русија тврди дека дека нема жртви на нејзина страна, додека Укранинците велат дека загинале повеќе од 400 руски војници.

Украинскиот претседател Зеленски рече дека останува во Киев и покрај заканите по неговиот живот.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе