Вести Свет

Колку загинати досега во Украина и кој има поголеми загуби

Продолжуваат жестоките напади врз Киев, втор ден од руската агресија врз Украина.

Различни информации за загуби и жртви доаѓаат од бојното поле. Русите напаѓаат од повеќе правци, војната се води на повеќе места, па тешко е да се утврди точниот број на жртви, кој покрај сето тоа расте од минута во минута.

Украинските власти потврдија дека најмалку 137 украински војници се убиени, а 316 се ранети, јавува Си-Ен-Ен, цитирајќи го претседателот Зеленски. Несомнено и двата броја ќе растат.

Украинското Министерство за одбрана, пак, тврди дека загинале 800 руски војници.

„Загубите на непријателот вклучуваат и седум авиони, шест хеликоптери, 130 оклопни борбени возила и над 30 тенкови“, соопшти украинското министерство во текот на ноќта.

Овие бројки не се потврдени. Русите вчера ги негираа загубите што ги процениле Украинците или воопшто не пријавиле.

Не е познато колку украински тенкови, возила и друга воена опрема се уништени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе