Илјадници Украинци се засолнети под земја, на станиците на подземната железница во Киев.
Прикажани се снимки од преполнетото метро, каде што се дојдени цели семејства, додека постарите се во вагоните на метрото кое не функционира.
Во Киев е прогласен и полициски час после 22:00 навечер.
Засолнувањето на првиот ден на руската инвазија во метрото кое е на голема длабочина и од која дел е најдлабоката подземна станица на 105 метри под нивото на почвата, беше споредено со познатите сцени од Лондон за време на нацистичкиот напад врз Британија во Втората светска војна.