Вести Свет

Молдавија веќе примила 4.000 украински бегалци, повеќето жени и деца

Украинските власти соопштија дека нејзината граница веќе ја поминале околу 4.000 бегалци од Украина, повеќето од нив жени и деца. Засега сè уште не е познато дали тие планираат да останат во Молдавија, или ќе го продолжат патот до Романија.

Западните агенции наведуваат дека е евидентно отсуството на возрасни мажи меѓу бегалците а веројатна причина за тоа е што украинските власти го спречуваат заминувањето на мажите кои се на возраст за воена служба, но за сега нема официјална потврда за тоа.

Агенцијата за бегалци на ООН очекува бројот на бегалци значително да се зголеми во следните часови и денови.

Очекуваме многу поголем број. До нас стигнаа информации за големи колони на граничните премини. Заедно со другите агенции на ООН подготвуваме заеднички одговор на хуманитарната криза, порача регионалниот шеф на Агенцијата за бегалци на ООН, Роланд Шилинг.

Претходно ООН предупредија дека инвазијата на Украина може да предизвика бегалска криза од големи размери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе