Култура

Валандово избрано за Град на културата оваа година

 

 Општина Валандово оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На Конкурсот беа пријавени општините Валандово и Велес, стои во соопштението од ресорното министерство.

  • По разгледувањето на двете пристигнати пријави, во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата содржани во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Валандово понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови и естетика, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници, велат од Министерството за култура.

Во програмата се содржани 69 проекти од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Општина Валандово ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи богата културна содржина во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во културата.

Од особено значење е што од вкупниот предвиден буџет за реализација на програмата (12.674.000,00 денари), од Министерството за култура се побарани 2.440.000,00 денари, што претставува 19,25 проценти од вкупниот буџет. Со тоа, Општина Валандово ќе ги покрие преостанатите 80,75 проценти финансиски средства, што во споредба со другата поднесена пријава, локалната самоуправа на Валандово ќе го издвои најголемиот дел од средствата за финансирање на реализацијата на програмата.

  • Имајќи го предвид ова, како и фактот што Општина Велес веќе двапати била финансирана во рамките на манифестацијата, и тоа во 2005 и во 2015 година, комисијата предложи да биде прифатена пријавата доставена од Општина Валандово, објаснуваат од министерството .

Манифестацијата „Град на културата“, иницирана од Министерството за култура, а прифатена и поддржана од општините во државава, започна да се реализира во 2004 година и оттогаш, континуирано, општините учествуваат во културниот натпревар на идеи, преточен со презентација на многубројни јавни настани.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе