Вести Свет

Бајден: САД ќе го брани „секој сантиметар“ од територијата на НАТО, но нема да бидат распоредени војници во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска вети дека ќе се брани „секој сантиметар“ од територијата на НАТО откако Русија испрати сили во Украина – но потврди дека нема да бидат распоредени американски војници кај сојузникот на Вашингтон.

Како што кажав кристално јасно, САД ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО со целосната американска моќ, рече Бајден во обраќањето до нацијата од Белата куќа.

Претседателот на САД сепак додаде: „Нашите сили нема да бидат ангажирани во конфликт со Русија во Украина“.

Бајден изјави дека рускиот напад врз Украина бил со предумисла. Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин ја отфрлил дипломатијата, а Русија започнала напад врз Украина кој не бил испровоциран од ништо.

Бајден посочи дека има флагрантно кршење на меѓународното право.

Со недели предупредувавме дека тоа ќе се случи, а сега работите во голема мера се одвиваат како што предвидовме. Путин е агресорот. Путин ја избра оваа војна. И сега тој и неговата земја ќе ги сносат последиците, рече американскиот претседател.

Во исто време, Бајден најави нови санкции кон Русија, вклучително и нова контрола на извозот, што може да запре половина од увозот на висока технологија во Русија и да ја погоди Москва. Тој додаде дека неговата администрација ќе ја ограничи способноста на Русија да работи во долари, како и во други валути, и да планира санкции против голем број руски банки.

Бајден рече и дека ќе распоредат дополнителни околу 7.000 американски сили во Германија по рускиот напад врз Украина.

НАТО ќе одржи самит на кој ќе се соберат лидерите на 30 сојузнички земји за да ги одредат следните чекори, рече Бајден. Меѓутоа тој нагласи дека американските сили „не одат во Европа за да се борат во Украина“, туку за да ги бранат и поддржат НАТО сојузниците во регионот.

Дозволете ми да кажам уште еднаш: нашите сили не се – и нема – да бидат вклучени во конфликтот со Русија во Украина, потенцираше американскиот претседател.

Тој им рече на новинарите дека „нема планови“ да разговара со Путин. Тој не одговори зошто САД сега не го санкционираат директно Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе