Вести Македонија

Членови на Комисијата за избори и именувања бараат Џафери веднаш да свика седница

Пратеници од повеќе политички партии во Собранието денеска почнале постапка и поднеле барање до претседателот на Парламентот Талат Џафери за итно свикување седница на Комисијата за прашања и изборите и именувањата, затоа што Комисијата нема претседател откако претходниот беше избран за градоначалник на локалните избори лани во октомври, поради што нејзината работа е закочена. Работата на Комисијата треба да се откочи, сметаат пратениците, и за да може да се изберат нови уставни судии.

Врз основа на член 120 став (2) од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, ние како пратеници бараме да се закаже второто продолжение на 13-тата седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Ова барање го поднесуваме со потписи на седум од вкупно 13 членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, рече на денешната прес-конференција пратеникот и координатор на ВМРО-ДПМНе Никола Мицевски.

Тој додаде дека бидејќи владејачкото мнозинство постојано ја обвинува опозицијата за блокада на работата на Собранието, а, како што рече, од друга страна повеќе месеци не назначува нов претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратениците согласно членот 120 став 2 од Деловникот, ја превзеле оваа иницијатива со цел откочување и продолжување со работа на оваа Комисија.

Ова е шансата на власта да покаже дали има искрена намера за откочување на работата на оваа Комисија или само напразно ја обвинува опозицијата. Како одговорни пратеници, водејќи се од итноста, потребата и барањето од Уставниот суд на Република Македонија, ние предлагаме да се свика седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата веднаш и уште во текот на утрешниот ден да се одржи седницата и да се изберат уставните судии на Уставниот суд на Република Македонија, рече Мицевски.

Тој додаде дека нивна цел е ефикасност и подобрување на правосудниот систем во целост, и, како што нагласи, токму затоа бараат и ги повикуваат колегите пратеници од мнозинството да го поддржат ова барање и час поскоро да се одржи седницата и конечно по повеќемесечно чекање да се изберат уставните судии. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе