Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ни носи промена на времето. Ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови, каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м² воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 60 км/ч, а дневната температурата ќе се намали за 6 до 8 степени во споредба со денешната.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Берово, 0 Струмица, Демир Капија, 1 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 2 Штип, Гевгелија, 3 Тетово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Kрушево, Дојран, 5 Крива Паланка, Виница, 6 Битола, Претор, 7 Дебар, 8 Охрид.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
18 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/