Рускиот министер за вонредни состојби Александар Чупријан изјави дека околу 61.000 цивили се до сега евакуирани од сепаратистичките области во Украина. Чупријан изјавата ја даде од Ростовската област каде беше испратен од Путин за да изгради повеќе бегалски кампови.
Сепаратистичките лидери од Доњецк и Луганск објавија евакуација на стотици илјади цивили од областите, каде западните новински агенции тврдат дека била донесена одлука за мобилизација на полнолетното машко население.
Руската државна новинска агенција во петокот ја пренесе изјавата на претседателот на самопрогласената Народна република Доњецк, Денис Пашулин кој на евакуираните им порача дека се надева нивното заминување да биде краткотрајно, но дека безбедноста е најважна.
САД ја обвинија Русија дека евакуиациите од Доњецк и Луганск се чиничен обид да се оттргне вниманието од престојната инвазија на Украина.