Вести Македонија Најважни

Ковачевски нема да се сретне со Мицкоски ако единствена тема на разговор се предвремени избори

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека нема да се сретне со лидерот на опозицијата доколку единственото прашање за кое би се разговарало се предвремените избори.

Тој порача дека избори ќе има, но во 2024 година. Во моментот, според Ковачевски, на земјава не и се потребни избори, туку лидерство за надминување на последиците од кризата.

Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш таква средба нема да има, бидејќи сакам да повторам дека избори ќе има, но во 2024 година. Во овој момент на Република Северна Македонија и е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици што ги имаме во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, која е европска, потоа здравствената криза која се уште е присутна преку новите соеви и ценовната инфлација, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по обиколката на градежните активности на делницата Крупиште – Кочани.

Сите треба да бидеме единствени во справувањето со најголемите предизвици со кои се соочува државата, рече Ковачевски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе