Вести Најважни Свет

Се затега рускиот обрач околу Украина – цел на Русија опсада на Киев – откриваат западните лидери

Русија го комплетираше воениот арсенал долж украинската граница. Останува претседателот Владимир Путин да ја даде наредбата за напад.

Русија не се подготвува за вооружен судир туку за инвазија над цела Украина а деталите не се предвидување туку точни информации на американските разузнавачките служби.

Продорот од три страни ќе заврши со опсада на главниот град Киев, открива британскиот премиер во интервју за Би-Би-Си по вчершниот брифинг со американскито претседател Џо Бајден.

„Планот кој го гледаме ја прикажува најголемата војна од 1945 година во смисла на скалило. Не гледајте само на инвазија од исток или преку Донбас туку според информациите од разунавачките служби ние се сомневаме во инвазија која доаѓа доле од северот преку Белорусија со цел опсада на Киев. Како што синоќа ни објасни претседателот Џо Бајден луѓето треба да разберат колкава е цената во човечки животи што ова може да го донесе со себе , не само на страна на украинците туки и за русите,“ соопштува Џонсон

Британската телевизија Би- Би –Си зборовите на премиерот Џонсон ги нацрта на воена карта. Сепаратистите ќе нападнат од Исток со 15 илјадната копнена сила, авијациската поддршка ќе стаса од Крим, а гарнизоните со пешадија на руската федерација ќе продираат од север преку Белорусија потпомогнати од балистички ракети и артилерија.

Русија, пак, не ја крие воената машинерија и денеска одново ја тестира во Белорусија, но според нив не за агресорски цели туку како редовна воена вежба. Додека светот зборува за војна во наредните денови,  претседателот на Украина Володомир Зеленски  сеуште не знае кои се намерите на Русија.

„Не знам што сака претседателот на Руската Федерација, затоа предлагам средба. Тоа е тоа,“ кусо одговори во Минхен Зеленски за односот со Русија

Зеленски синоќа во Минхен ги потсети сојузниците дека Украина не моли за помош. Туку го чува мирот на Европа  8 години по ред. Најави дека земјата ќе се брани со или без поддршка, но нема да одговори на провокациите на Русија. Поддршката од САД останува, а Европската унија на евнетуалната агресиај ќе возврати со санкции.

„Да ја препознаеме позицијата во која се наоѓа во моментов. Неговата земја е практично опкружена со руски војници. Верувам дека тој дојде овде, ова е моето верување врз основа на моја сопствена проценка по шпекулациит кои кружат. Тој дојде овде за да остави многу јасна поента – дека тој не е сам. Впрочем, му реков на нашата средба, САД стојат со вас“, рече американската потпретседателка Камала Харис.

 

„Не можеме вечно да нудиме маслиново гранче додека Русија врши ракетни тестови и продолжува да распоредува војници. Но, дами и господа едно е сигурно: ако има дополнителна воена агресија, ќе реагираме со масивни санкции,“ – изјави Чарлс Мишел, претседател на советот на Европа.

Западните медиуми шпекулираат дека Путин нема да стисне црвено копче туку ќе исценира напад од Украина за да возврати со инвазија. Израел денеска им порача на своите граѓани да ја напуштат Украина, а највоски кинески владини претставници бараат оддвете страни а седнат на преговарачка маса, бидејќи евентуална војна ќе донесе огромни финансиски последици за Европа но и за целито свет.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе